Барселона го сака Лука Тони

Европскиот шампион Барселона посакува во јануари да го донесе напаѓачот на Баерн, Лука Тони.

 |  Крсте Голабовски  | 
Luca Toni
Лука Тони

Европскиот шампион Барселона посакува во јануари да го донесе напаѓачот на Баерн, Лука Тони. Иако ова лето на Ноу Камп пристигна Златан Ибрахимовиќ, тренерот Пеп Гвардиола посакува уште еден напаѓач како замена за шведскиот гол-мајстор.

Luca ToniСпоред пишувањата на Тутоспорт, “Каталонците” посакуваат во јануари да го донесат Италијанецот, а во нивна корист оди и фактот дека Тони е во втор план кај Ван Гал и поради тоа би можел да се одлучи да ја смени средината. Досега Тони беше повреден, но останува да се види дали до јануари ќе успее да се наметне покрај одлично расположените Клосе, Гомез и Олиќ.

Од друга страна Гвардиола е сигурен дека токму Лука Тони би ја одиграл улогата на Хенрик Ларсон пред неколку сезони. Шведскиот ветеран влегуваше од клупата и редовно постигнуваше голови и носеше пресврт на резултатот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top