Федерер на колена

Хуан Мартин Дел Потро е новиот шампион на Ју Ес Опен, откако ја прекина серијата од пет победи во низа на Рожер Федерер. Аргентинецот ги издржа сите напади на Швајцарецот, но исто така во пресудните моменти играше агресивно, што на крајот му ја донесе и победата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Хуан Мартин Дел Потро е новиот шампион на Ју Ес Опен, откако ја прекина серијата од пет победи во низа на Рожер Федерер. Аргентинецот ги издржа сите напади на Швајцарецот, но исто така во пресудните моменти играше агресивно, што на крајот му ја донесе и победата.

Huan Martin Del PotroФедерер подборо влезе во мечот и првиот сет го реши во своја полза, но Дел Потро набрзо се консолидираше и со голема борба во тај брејк успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Повторно Федерер беше тој кој ја превзема иницијативата и со својата добро препознатлива игра не само што го освои третиот сет, туку и во четвртиот беше на чекор од триумф. СЕпак, Дел Потро успеа да фати приклучок и со одличен форхенд да обезбеди нов тај брејк. Овој пат беше уште поубедлив, само четири поени му препушти на Федерер, кој потоа се предаде.

Во петтиот сет во целост доминираше Аргентинецот, додека Федерер делуваше немоќно да одговори на уште поагресивната игра на Дел Потро кој така набрзо дојде до својата прва Гренд слем титула.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top