Окт 17, 2015

Мурињо бесен од казната кој ја доби од FA

Менаџерот на Челзи, Португалецот Хозе Мурињо е бесен што Англискиот фудбалски сојуз ко казни со 50.000 фунти и условна казна од еден натпревар суспензија. Мурињо казната ја доби поради коментирање на судењето по поразот од Саутемптон, но и поради тоа што повеќе пати и во минатото го коментирал судењето во Премиер лигата. “Срамота е тоа што ме казнија, а уште полошо е тоа што ми се закануваат дека еден натпревар ќе ми забранат да дојдам на клупата. Уште само требаше да ми стават електронска нараквица како на криминалците”, рекол Мурињо и додал: “Човек  му вели на судијата дека е слаб и на…

Окт 16, 2015

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед како “црна овца”

Како да не беше доволно тоа што го доживеаа петтиот пораз во квалификациите за Еуро2016, па Холанѓаните доживеаа уште една шлаканица. Холандија загуби од Чешка и остана без пласман на Еуро2016, а по критиките на сметка на преплатените репрезентативци, холандските медиуми разоткрија уште еден срамен детал. Мемфис Депај, крилниот играч на Манчестер Јунајтед, на натпреварот со Чешка настапил во погрешен дрес. Новинарите на Telegraaf забележале дека Депај е единствен од холандските играчи кој носи дрес на кој под грбот биле знамињата на Холандија и Исланд. Холанѓаните веднаш покренале истра…

Окт 14, 2015

Холандија најголем губитник во квалификациите за ЕУРО 2016

Ако Турција имаше најмногу среќа, а Исланд, Северна Ирска и Албанија беа најголеми изненадувања, тогаш најголем губитник е сигурно Холандија. Фудбалската велесила која пред една година тесно беше поразена од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство каде ја освои бронзената медаља, не успеа да дојде ниту до додатните квалификации, а се мислеше дека овие квалификации ќе бидат најлесни досега. Дури 24 репрезентации ќе бидат на ЕУРО 2016, а таму нема да ги гледаме Холанѓаните прв пат по 1984 година, а куриозитет е дека и тогаш домаќин на Европското првенство беше Франција. Но, што му…

Окт 12, 2015

Пелистер падна, на ред е Металург

На првиот натпревар од  петтата рунда во ракометната Супер лига, охридските ракометари стартуваа со триумф.ТВМ Телевизија продолжува со преносот во живо од ракометните натпревари на охридските спортски миленици кои синоќа имаа феноменален старт во петтата рунда од ракометната Супер лига. Тие во спортската сала „Биљанини извори“  ја совладааа екипата на „Пелистер“ со 22-21 (9-7). Најважна карактеристика на синоќешната игра на охридските ракометари беше перефекната игра во одбраната.Покрај одличната игра поддршката од „Рибарите“ и трибините синоќа исто така одиграа клучна улога. Охриѓани смог…

Окт 11, 2015

Луис Хамилтон славеше и во Русија

Луис Хамилтон стигна до деветата победа оваа сезона и 42-ра во кариерата и така се изедначи на третото место на сите времиња со Себастијан Фетел. Пред нив се само Французинот Ален Прост (51) и Германецот Михаел Шумахер (91). Хамилтон победи со резултат 1h 37:11:024 пред Фетел и Серхио Перез кој го избори само третиот подиум во историјата на Форс Индија. Возачот на Мерцедес Нико Розберг кој е во трка за титулата се откажа во осмиот круг поради дефект на педалата за гас. Хамилтон води во генералниот пласман со 302 бода, Фетел е втор со 236, додека Розберг сега е трет со 229 бодови. Во поред…

Окт 11, 2015

Едно коло пред крајот на квалификациите за ЕУРО 2016 можни се уште изненадувања

Пред последните 90 минути од квалификациите за ЕУРО 2016 познати се 12 од 24 репрезентации кои ќе настапат на Европското првенство следната година. Покрај Франција како домаќин, директен пласман досега обезбедија Англија, Чешка, Исланд, Австрија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Белгија и Велс. Во групата А ќе се случи најверојатно сензација бидејќи ќе испадне Холандија. Исланѓаните и Чесите се квалификуваа уште пред еден месец, а во додатните квалификации ќе оди Турција, доколку во последното коло на домашен терен не изгуби од Исланд. Саботниот расплет во групат…

Окт 10, 2015

Тешка несреќа на тренингот на Формула1 во Русија

Возачот на Торо Росо 21 годишниот Карлос Сајнц доживеа тешка несреќа за време на последниот слободен тренинг во пресрет на квалификациите за Големата награда на Русија. Сајнц ја изгубил контролата над болидот при кочењето во една кривина на патеката. Тој се удрил во оградата и продолжил да се лизга по неа се додека не се удрил во другата заштитна ограда. Брзо на патеката излегла екипа на брзата помош која го извлекла Шпанецот од уништениот болид. По кусото укажување на помош тој е сместен во хеликоптер и е превезен во болница за понатамошни прегледи. “Карлос е при свест. Сеуште немаме де…

Окт 9, 2015

Направено е најголемото изненадување во квалификациите за ЕУРО 2016

Во составот за кој селекторот Мајкл О’Нил ги повика за натпреварот против Грција и Финска има играчи од осредните шкотски и нискорангирачките лиги во Англија, но едно име се истакна пред сите. Џош Магенис, 25 годишниот напаѓач кој игра за Килмарнок, моментално 10-ти во првенството на Шкотска. Магенис во синоќешниот натпревар, во кој Северна Ирска со победа против Грција по прв пат избори настап за Европско првенство, го направи можеби клучниот потег. Откако домаќините на одмор отидоа со предност од еден погодок, токму со голот на Магенис во вториот дел ја убија целата надеж на Грците дека…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top