Луис Хамилтон славеше и во Русија

Фетел го престигна Розберг во генералниот пласман

 |  инфодеск  | 

Луис Хамилтон стигна до деветата победа оваа сезона и 42-ра во кариерата и така се изедначи на третото место на сите времиња со Себастијан Фетел. Пред нив се само Французинот Ален Прост (51) и Германецот Михаел Шумахер (91).

Хамилтон победи со резултат 1h 37:11:024 пред Фетел и Серхио Перез кој го избори само третиот подиум во историјата на Форс Индија. Возачот на Мерцедес Нико Розберг кој е во трка за титулата се откажа во осмиот круг поради дефект на педалата за гас.

Хамилтон води во генералниот пласман со 302 бода, Фетел е втор со 236, додека Розберг сега е трет со 229 бодови. Во поредокот за конструктори води Мерцедес (531) пред Ферари (365) и Вилијамс (220). Следната трка е за две недели во Америка.

Конечниот пласман во Сочи, Русија на освојувачи на бодови е следниот:

  1. Lewis Hamilton
  2. Sebastian Vettel
  3. Sergio Pérez
  4. Felipe Massa
  5. Kimi Räikkönen
  6. Daniil Kvyat
  7. Felipe Nasr
  8. Pastor Maldonado
  9. Jenson Button
  10.  Fernando Alonso
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top