Србинот Никола Јокиќ од Денвер ќе добие нов договор од кој застанува здивот. Од следната сезона, Србинот ќе заработува 241 милион долари за пет години, или 48,2 милиони по сезона.
Новиот договор го најави Мишо Ражнатовиќ кој е агент на Јокиќ.
Според нашите очекувања, тој договор треба да биде потпишан ова лето, а тоа е продолжување со максимален износ, што очигледно го заслужи – изјави Ражнатовиќ.
Јокиќ со евентуален ваков догвор ќе го надмине Јанис Адетокумбо, кој е најплатен со 228.200.000 долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град