Сеуште плени, каде и да се појави
На годинешните доделувања награди на „Costume Designers Guild” славната актерка, Ракел Велч се појавила во тесен и гламурозен фустан, и покажала виткост на која можат да и завидат многу помлади колешки. Верувале или не Ракел Велч има 73 години, но со својата појава и понатаму може да се каже дека заслужено ја носи титулата секс симбол. Актерка и мајка на синот Дејмон (53) и ќерката Тани (51), носела плава кадрава перика за оваа прилика, а шминката и тоа како и помогнала да изгледа прекрасно.
Славната Ракел Велч прв пат се појавила на филм далечната 1966 година и во таа прилика проговорила само три реченици. Сепак, во бикини од еленска кожа, изгледала толку прекрасно што моментално станала секс симбол.
“Само заради еден постер, животот во потполност ми се промени и јас станав нова личност“, рекла актерката.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град