Замина легендата на блузот B.B.King

“Lucille”, “Sweet Black Angel”, “Rock me baby”…, остануваат да живеат

 |  инфодеск  | 

Кралот на блузот B.B.King почина во сон во Лас Вегас, соопштил неговиот адвокат а пренесува BBC.

Легендарниот гитарист B.B.King, кој го изведе блузот од анонимност на американската провинција и влијаеше на генерации гитаристи како Eric Clapton и Stevie Ray Vaughan, почина во 89 година од животот.

Роден e во Мисисипи, a King почнал да настапува уште во четириесетите години на минатиот век.

Неодамна во болницата имал здравствени проблеми со  дијабетесот.

Списанието Rolling Stone во една анкета го стави на трето место на листата најголеми гитаристи на сите времиња зад Jimi Hendrix и Duan Allman.

До неодамна, B.B. King одржуваше и по стотина концерти годишно.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top