“Таа е последна со која би работел“

Не се смирени страстите

 |  инфодеск  | 

Сеуште не се смирени страстите по елиминацијата на Илма Карахмет од шоуто „X-фактор Адриа“

Младата ѕвезда на шоуто „X-фактор Адриа“, Илма Карахмет требала да гостува на концертот на својот ментор Кики Лесандриќ за денот на жената, но тоа не се случило.

По елиминацијата од натпреварувањето, Лесандриќ застанал во нејзина одбрана и одлуката на жирито ја прогласи за срамотна. Меѓутоа, кога подоцна го добил увидот во листата со гласови, сфатил дека публиката е причината за која е заслужна за елиминацијата на Илма од шоуто.

„Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа преголеми, ја посакувале првата награда. Илма е талентирана, но првото место е нереално доколку се погледнат гласовите што ги има добиено. Откако е воведено учеството на публиката во гласањето, секогаш некој друг имаше повеќе бодови од неа“, рекол Кики.

Исто така, открил дека неговата соработка со Илма е завршена.

„Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, а сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би работел. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас“, рекол Лесандриќ а пренесуваат српските медиуми.

{loadposition content9}  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top