Здрави пијалоци за стоп на стареењето

Изгледате постаро затоа што телото не ги исфрла токсините

 |  инфодеск  | 

Многу е важно да се исфрлат штетните токсини од телото како би биле здрави и младолики. Нездравиот начин на живот и лошата исхрана се некои од причините поради кои се добиваат брчки порано од што би требало.

Вода

Водата е многу важна за телото да остане хидрирано. Секогаш ќе го чуете ова од експертите за убавина. Водата помага да добиете сјајна кожа, а исто така го намалува стареењето. Тоа е затоа што водата помага да ги исфрлите токсините од телото. Таа помага кожата да биде влажна и да ги отвора порите.

Зелен чај

Ова е еден од најздравите пијалоци кој не само што е добар за кожата туку и за телото. Многу луѓе кои се на диета пијат 2-4 чаши зелен чај редовно само да ги намалат масните наслаги. Зелениот чај има полифеноли и EGCG (antioksidans) кои се корисни за кожата и косата. За густа коса и кожа без брчки, пијте редовно зелен чај.

Сок од домат

Овој зеленчук е богат со антиоксиданти. Ликопен (antioksidans) помага против стареење и одржување на убава и негувана кожа. Ако не ви се допаѓа да го јадете, само исцедете го во сок. Доматот помага при варењето и ги разработува цревата. Помага да ги исфрлите токсините од телото и ви овозможува да имате убава и малдолика кожа.

Топло какао

Ако редовно пиете чаша топло какао, ќе имате здраво срце и сјајна кожа. Многу истражувачи тврдат дека какаото има повеќе антиоксиданти од кофеинот и спаѓа во здрави пијалоци. Студијата од универзитетот Корнел покажува дека какаото има повеќе антиоксиданти од кафето, црното вино и зелениот чај.

Црно вино

Црното вино има многу здравствени предности. Ако се зема во ограничени количини, црното вино може да го заштити срцето од заболувања, а исто така ќе ви пружи млад и убав изглед. Виното го намалува стареењето бидејќи содржи ресвератол кој овозможува да изгледате младо, а воедно ви го продолжува животот. Можете со вечерата  да испиете чаша црно вино како би останале во добра форма и свеж изглед

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top