Окт 2, 2013

Бенедикт и Ема најсексипилните актери на планетава

Читателите на магазинот “Empire” ги одбраа најсексапилните глумци на планетата. Имено, може да се каже дека изборот е прилично субјективен со оглед на тоа што магазинот е британски, токму како и актерот и актерката на врвот на листата.Така, за најсексапилен глумец е прогласен Бенедикт Камбербах, а за најсекси глумица Ема Вотсон, додека по нив следат нивните американски колеги.Така, зад младата Вотсон, втора на листата е Скарлет Јохансон, на третото место се најде Џенифер Лоренс, а по неа следат Кристен Стјуарт, Ен Хатавеј, Ема Стоун и Мила Кунис.Зад “сексапилниот Шерлок”, од друга страна, с…

Окт 1, 2013

Будењето, навистина тешка работа

Секако, повеќето успешни луѓе прават еден милион работи пред да појадуваат. Но, зошто голем дел од останатите луѓе не можат да станат од кревет наутро? Денис Розен, специјалист во спиење можеби има одговор за ова прашање.  Според него, немаме доволно свест за нарушувањата на сонот и не знаеме како да ги решиме проблемите кои ги задаваат. Утринската мрза може да биде предизвикана од повеќе причини. Меѓу причините се и:1. Недоволно спиење – на повеќето луѓе им се потребни седум или осум часа сон.2. Синдром на нередовно спиење – може да спиете само 1-4 часа пред да се разбудите.3. Пореметување…

Окт 1, 2013

Правила за шоферите низ светот

Прочитајте на кој начин луѓето во другите држави може да добијат возачка дозвола и низ кои процеси треба да поминат.- Во Бразил нападите врз автомобили се чести, па токму поради тоа идните возачи во автошколите ги учат техники за одбрана.- Во Финска потребни се минимум две години за да добиете целосна, неограничена возачка дозвола. Исто така, на автомобилите на учениците биле поставувани лизгави патеки, а исто така тие имале и вечерни часови. Колку и да звучи тешко, Финска се сметаат за светска класа во возење.- Некои држави во Америка може да издадат „возачки дозволи“ на деца кои имаат 14 …

Сеп 30, 2013

Без улично осветлување за совршено ѕвездено небо

Обсерваторијата „Мт. Џон“ во Нов Зеланд се наоѓа на надморска височина од 1.029 метри. Во близина се наоѓа град покрај езерото Текапо кој ги исклучува светлата само за да обезбеди чист поглед кон небото за астрофотографите и астрономите.Повеќето фотографи и астрономи обично не можат да го видат небото доволно добро поради големата осветленост од површината на Земјата. Затоа, секој е повикан да дојде и да фотографира или ужива во прекрасната глетка кога целиот град истовремено се откажува од осветлувањето за да го овозможи реткото искуство. Ова се некои фотографии направени додека целиот гра…

Сеп 30, 2013

Шпанците се секогаш во погрешна временска зона

Причината зошто Шпанците постојано се опуштени околу работата (на граница со мрзливи) е затоа што цело ова време се во погрешна временска зона.Истражувачите сметаат дека оправданието на Шпанците за сиеста и потребата да спијат повеќе отколку останатите е затоа што наутро стануваат еден час порано.Во новиот извештај на парламентот на Шпанија, тоа што земјата е сместена во централноевропско време е оправдание за се’ од слаба продуктивност на работа до полова нееднаквост.Шпанија географски се наоѓа во просторот на западноевропското сметање на времето, кое што важи во Португалија и Мароко. Зара…

Сеп 27, 2013

Ctrl-Alt-Delete е обична грешка

Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс призна дека наметнувањето на потребата корисниците да притиснат Ctrl-Alt-Delete за да се логираат на компјутерот било грешка. „Можевме да воведеме едно копче, но човекот кој работеше на дизајнот на IBM тастатурата, не сакаше да го направи“ – изјави Гејтс.Дејвид Бредли, инженерот кој работеше на првобитниот IBM PC, ја измислил комбинацијата која на почетокот служела за ребутирање на компјутерот, пишува The Verge.„Можеби ја смислив комбинацијата, но Бил ја направи позната“ – кажал Бредли во една претходна прилика.Сепак комбинацијата се користи и денеска на…

Сеп 27, 2013

Корисен или некорисен, странците луди по нашиот ајвар

Од Македонската асоцијација на преработувачи велат дека од година во година извозот на македонскиот ајвар постојано се зголемува. Ајварот најмногу се пласира на европските пазари и земјите од регионот. Според податоците од оваа организација во последните пет години извозот на овој познат македонски бренд е зголемен дури за 67,6% . Токму како резултат на зголемената побарувачка, домашните компании велат дека ќе го зголемат производството и ќе освојуваат нови пазари. Дека побарувачката постојано е во нагорен тренд, задоволно потврдуваат и менаџерите на домашните конзервни компании . Еден од с…

Сеп 26, 2013

Добар сон, лек против стравот

Проблемот со решавањето на нерационалниот страв (затоа што рационален страв, на пример од мечка е корисен) е што до сега главен метод е директно соочување со истиот. Метод кој од очигледни причини и не е најпријатен.Сега една студија објавена во Nature Neuroscience анализра како би можело проблемот со нерационалниот страв да се решава на спиење.Во експериментот научниците прво создале страв кај испитаниците поврзувајќи мали електрични шокови, со слики од лица и одредени мириси. По некое време испитаниците се потеле секој пат кога ќе ја виделе сликата или ќе го осетеле мирисот.По ова следува…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top