Читателите на магазинот “Empire” ги одбраа најсексапилните глумци на планетата.
Читателите на магазинот “Empire” ги одбраа најсексапилните глумци на планетата. Имено, може да се каже дека изборот е прилично субјективен со оглед на тоа што магазинот е британски, токму како и актерот и актерката на врвот на листата.
Така, за најсексапилен глумец е прогласен Бенедикт Камбербах, а за најсекси глумица Ема Вотсон, додека по нив следат нивните американски колеги.
Така, зад младата Вотсон, втора на листата е Скарлет Јохансон, на третото место се најде Џенифер Лоренс, а по неа следат Кристен Стјуарт, Ен Хатавеј, Ема Стоун и Мила Кунис.
Зад “сексапилниот Шерлок”, од друга страна, се смести уште еден Британец, Том Хидлстон, а потоа следат Хенри Кавил, Рајан Гослинг, Роберт Дауни Џр. и Мајкл Фасбендер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град