Шпанците се секогаш во погрешна временска зона

Причината зошто Шпанците постојано се опуштени околу работата (на граница со мрзливи) е затоа што цело ова време се во погрешна временска зона.

сиеста
siesta

Причината зошто Шпанците постојано се опуштени околу работата (на граница со мрзливи) е затоа што цело ова време се во погрешна временска зона.

Истражувачите сметаат дека оправданието на Шпанците за сиеста и потребата да спијат повеќе отколку останатите е затоа што наутро стануваат еден час порано.

Во новиот извештај на парламентот на Шпанија, тоа што земјата е сместена во централноевропско време е оправдание за се’ од слаба продуктивност на работа до полова нееднаквост.

siestaШпанија географски се наоѓа во просторот на западноевропското сметање на времето, кое што важи во Португалија и Мароко. Заради ова и авторите на извештајот и предлагаат на владата да го усогласи часовникот со западноевропското време, што би довело до подобра продуктивност и помалку стрес.

Според извештајот Шпанија 71 година се наоѓа во погрешна временска зона, а сето ова започнува во 1942-ра кога шпанскиот диктатор Франко ја префрли земјата во централноевропско време за да биде во согласност со нацистичка Германија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top