Јун 10, 2019

Излезе од печат поштенска марка за деца со ретки болести – Алпорт синдром

Имено денеска 10.06.2019 излегува од печат поштенска марка ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ –АЛПОРТ СИНДРОМ (Alport syndrome) и како таква марка е прва во светот издадена за оваа ретка дијагноза. Инцијативата за издавање на оваа нова поштенска марка е на активистот за ретки болести и вработена во Македонска пошта Лолеска Гордана. Поштенската марка е со номинлна вредност од 18.00 денари и прво печатење од 6000 примероци. Дизајнот е на Татјана Поцевска дизајнер во бирото за филателија. Македонска пошта со ова дело покажа по којзнае кој пат дека е општествено одговорна компанија која се грижи за своите …

Јун 7, 2019

Во Охрид работилница на тема „Музиката денес“

Охридско лето на 11 – ти јуни со почеток од 18 30 часот во катедралната црква Св. Софија организира работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници. На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава денес и како денес се доживува. Колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти квалитет. Ова ќе бида…

Јун 6, 2019

БАЛКАНСКА 3а/2 повторно во петок на репертоарот на охридскиот театар

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење. „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење. режија: Ана Батевасценографија/костими: Борис Георгиевмузика: Стефан Здравескииграат:ИЛИЈА – Стрезо СтаматовскиМИРНА – Елизабета Стефан…

Јун 4, 2019

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. Според обичаите, утрото на Бајрам масовно се посетуваат џамиите. Се облекуваат најубавите работи како за на слава, а се излегува со „тегбир“. Ова е само еден од неколкуте дена во годината, кои ги поврзуваат граѓаните во државава токму преку нивната различна верска опре…

Јун 3, 2019

УСПЕШНО ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ”

Во текот на изминатиот викенд Охрид беше претворен во вистинска атлетска патека благодарение на третото успешно издание на Спортската манифестација „Охрид Трчат”. Во рамки на главните трки од 5 и 10 километри, кои се одржаа вчера, во врнежливи временски услови, се натпреваруваа над 1.500 учесници. На трката од 10 километри во машка категорија победи Дарио Ивановски, а во категоријата на жени најдобра беше српската атлетичарка Теодора Симовиќ. Во категоријата мажи, на трката од 5 километри, прв до целта пристигна Кристијан Стојани, а најдобар резултат во женска категорија, на истата трка о…

Јун 3, 2019

Ракометарите на Вaрдар ќе бидат дочекани како што доликува

Променет е терминот на чартер летот што Град Скопје го организира за ракометарите на Вардар.Првичната најава беше дека новите европски шампиони ќе слетаат во Скопје во 16:15 часот, но токму во тоа време тие би требало да полетаат од аеродромот во Келн. Пристигнувањето во Скопје се очекува околу 18:50 часот, а веднаш потоа играчите ќе се упатат кон плоштадот Македонија, каде ќе биде организирана прославата. Град Скопје ќе ги награди ракометарите на Вардар со 6 милиони денари за освоената титула во Лигата на шампиони, а дочекот на Плоштад Македонија, организиран во нивна чест ќе чини 2 мили…

Мај 29, 2019

EK побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија

Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување. Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата. Могерини рече дека земјав…

Мај 21, 2019

„Просветителска“ Импровокација

Аз, Буки, Веди… 24-ти мај, денот на просветителите Св. Кирил и Методиј, ден кога светите браќа тргаат на Моравската мисија е ден и за Импровокација. Петок од 20:00 часот, во Центарот за култура “Григор Прличев” ве чекаме на нашата најдрага “Керал” сцена, па после тоа сите заедно ќе направиме една обиколка по визити.Билети можат да се набават од Музичка Продавница Зизи Топ <https://www.facebook.com/suveniri.ohrid> или резервирааат на 075 283 066,по цена од 200 денари, и 250 денари на денот на изведбата. И да… понесете ја и вашата имагинација, зошто знаете, вашите предлози се бесц…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top