Јун 3, 2016

Концерт на пијанистката Асами Сати

Јапонската пијанистка Асами Сати вечерва ќе одржи концерт во Охрид во рамките на Фестивалот за современа музика „МОДОАРС 2016“. Концертот ќе се одржи во концертната сала на музичкото училиште „Методи Патче“ во 19 часот, а влезот ќе биде слободен. На програмата ќе се изведат дела од Рахмањинов, Шопен, Дебиси и од јапонскиот композитор Сакура – Сакура. Гостин на концертот ќе биде Ема Потевска Попивода, со која ќе настапат со композиција од Дебиси за пијано – 4 раце. Сате е светски позната пијанистка и музички продуцент, која живее и работи во Токио, Јапонија.

Јун 3, 2016

Утре во Охрид превентивни прегледи за откривање ризик фактори за мозочен удар

Утре 4-ти јуни 2016 година со почеток во 10 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, тим на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ и Црвен Крст од Охрид заеднички ќе спроведуваат превентивни прегледи со цел откривање на ризик факторите за мозочен удар. Секој заинтересиран граѓанин ќе има можност за индивидуална консултација со специјалист невролог. Истиот ден со почеток во 11 часот во просториите на Центарот за култура ќе се одржи отворена трибина на тема „Мозочен удар“ со две предавања „Мозочен удар и третман на мозочен удар“ и „Физикална терапија и рех…

Јун 3, 2016

Денес праволавните христијани го слават „Св.Константин и Елена“

Денес 3-ти јуни, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник Свети Константин и Елена кои црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар. Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните. Подоцна кога станал римски ц…

Јун 2, 2016

Мизерни услови, болести и медикаменти за децата од „Сивиот дом“

Децата во воспитно поправниот дом „Тетово“, којшто во моментов е сместен во затворот во Охрид, а ги има 28 на број, живеат во мизерни услови, неписмени се, без задолжително образовани, без пристоен тоалет и капење, а навечер не можат ни да уринираат, открива народниот правобранител презентирајќи го Посебниот извештај за состојбите со децата во ВП Дом “Тетово“, пренесува „Макфакс“. „По 22 часот просториите во кои се сместени штитениците се заклучуваат и за евентуална физиолошка и друга потреба тие користат ѕвоно, кое е поврзано со просторијата на дежурниот. Меѓутоа, децата изјавија дека мно…

Јун 1, 2016

Парламентарките утре повторно ќе ги насмеат охриѓани

Утре 2-ри јуни во охридскиот Народен театар, со почеток во 20 часот, за само 150 денари, повторно ќе биде изведена претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Текстот е инспириран од кризата на поединецот кој ја напушта сопствената зона на комфор и излегува на првата линија на отпорот, борејќи се за правата кои сам ги создава, со желба да креира систем по свои, сосем нелогични правила и стандарди. „Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и стр…

Јун 1, 2016

Уште еднаш да вдишиме театар

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на третиот по ред Меѓународниот Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“. Целта на овој Театарски Фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и г…

Мај 31, 2016

Готар го проби срцето на Алпите

  Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот. Таканаречениот Готар ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи. Тунелот е долг 57 километри, а изградбата чинела 12 милијарди швајцарски франци. На изградбата работеле 2.400 работници, а свечено ќе биде отворен оваа недела. Сега, патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути. Овој тунел го надмина претходниот најголем тунел, јапонскиот Сеикан, кој со своите 53,9 километри беше најдолг во светот. Тунелот целосно ќе започне да се користи во декември годинава. Идејата за изградбата била дадена уште во 1947 од…

Окт 5, 2021

Петар Грашо има нова љубов

По пишувањата на хрватските медиуми дека Петар Грашо наводно е во врска со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, се огласи и пејачот и ги прокоментира овие пишувања. Никогаш не ја користев јавноста како платформа за презентација на својот приватен живот, како во тешките, така и во најубавите моменти. Ќе останам верен на тоа – кратко изјави пејачот за „Јутарњи лист“. Наводно, 45 годишниот Петар својата среќа ја пронашол со 14 години помладата Хана, а според пишувањата на дневник.хр тие веќе некое време се во врска. Хана и Петар веќе неколку години се добри пријатели, но и соработници …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top