Парламентарките утре повторно ќе ги насмеат охриѓани

Утре 2-ри јуни во охридскиот Народен театар, со почеток во 20 часот, за само 150 денари, повторно ќе биде изведена претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.

 |   | 
parlamentarki

Текстот е инспириран од кризата на поединецот кој ја напушта сопствената зона на комфор и излегува на првата линија на отпорот, борејќи се за правата кои сам ги создава, со желба да креира систем по свои, сосем нелогични правила и стандарди. „Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга – се занимава со органиката на човековата глупост во желбата за власт и моќ.

Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Биљана Билаловиќ Вељановска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top