Утре во Охрид превентивни прегледи за откривање ризик фактори за мозочен удар

Утре 4-ти јуни 2016 година со почеток во 10 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, тим на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ и Црвен Крст од Охрид заеднички ќе спроведуваат превентивни прегледи со цел откривање на ризик факторите за мозочен удар. Секој заинтересиран граѓанин ќе има можност за индивидуална консултација со специјалист невролог.

 |   | 

Истиот ден со почеток во 11 часот во просториите на Центарот за култура ќе се одржи отворена трибина на тема „Мозочен удар“ со две предавања „Мозочен удар и третман на мозочен удар“ и „Физикална терапија и рехабилитација по мозочниот удар, очекувања и комликации“. Предавачи на трибината ќе бидат д-р Маја Божиновска Смическа, спецјалист невролог од Специјалната болница „Св.Еразмо“ и д-р Гордана Коњаноска специјалист по физикална терапија и рехабилитација од Заводот за кардиоваскуларна рехабилитација „Св.Стефан“. По предавањата ќе бидат презентирани помагала кои се наменети за пациенти со прележан мозочен удар.

Според медицинскит податоци, Македонија се уште е во групата на земји со висока смртност од мозочен удар, а познавањето на јавноста за оваа проблематика е многу ниско. Во светот 15 милиони луѓе годишно страдаат од мозочен удар, 6 милиони од нив умираат како последица од мозочниот удар. Секои 2 секунди некој добива мозочен удар, а секои 6 секунди по едно лице умира поради мозочен удар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top