На овај престижен турнир учество зедоа над 1600 натпреварувачи во кои беше и едниствениот наш претставник Александар Јовановски црн појас I дан, под водство на неговиот тренер Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан (поранешен светски вицешампион ), и двајцата претставници на Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид.
Александар Јовановски се натпреваруваше во две дисциплини, форми за црн појас I дан, и спаринг(борби) -69 кг јуниори 16-17 години.
Во дисциплината форми Александар беше елиминиран од претставникот на Северна Кореја од каде потекнува овај спорт, кој воедно е и актуелен светск…
Со почетокот на учебната година, се поголем е интересот кај децата за изучување на странските јазици. Се поставува прашањето која е идеалната возраст за почеток на изучување на странски јазик? Експертите велат дека кога децата се на најрана возраст полесно го восприемаат новиот јазик со кој се запознаваат. Тие учат преку игра, без да го доживуваат курсот како потешкотија, а се тоа поради неопходноста да се учи напамет со која се соочуваат децата кои започнуваат со посетување јазичен курс во подоцнежното детство, вели Емилија Георгиевски професорка од училиштето за Англиски јазик „Yes“.
„Се…
Серија земјотреси деновиве го погодија Скопје, од кои најсилниот со магнитуда од 5.3 степени. Потресите предизвикаа нервоза и паника кај граѓаните, од кои голем дел ноќта ја минаа под отворено небо, стравувајќи од нови земјотреси.
Првиот послаб земјотрес бил почувствуван рано утрото во неделата, а најсилниот попладнето. По него следувале уште неколку потреси со послаб интензитет. Никој не бил повреден во земјотресите, но многу граѓани се пожалиле на повреди откако во паника ги напуштале своите домови.Според официјалните податоци, најмалку 30 граѓани побарале лекарска помош, од кои тројца б…
Се поголемиот број на „човек агенциите“ кои нудат услуги на туристите со директни настапи пред нив во централните градски подрачја и низ главните шеталишта во Охрид и Струга, се поголема закана за туризмот.
Асим Меџедовиќ, член на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, објаснува дека оваа појава која во последно време зема сериозни размери преизвикува на туристите да им се нарушува приватноста, а на државата угледот. – Ако во минатото биле нелегални сега имаат искористено некои пропусти во законите и се веќе човек агенции регистрирани и лиценцирани, но…
Шеснаесет млади волонтери на Црвен крст Охрид во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште „Кирил и Методиј од Охрид се стекнуваат со нови знаења и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош и реанимација на повредени.
Младите волонтери од црвениот крст од Охрид кои истовремено се и ученици во ССМУ„Св. Кирил и Методиј“, веќе единаесетти ден го посетуваат интензивниот курс за парамедици. Станува збор за обука на која идните и сегашни студенти по медицина се стекнуваат со нови знаења и техники во справување со најсложени…
Американската вселенска агенција лансираше во четврток сонда на астероидот Бену, за кој астрономите велат дека би можел да претставува идна закана за Земјата.
Сондата OSIRIS-REx е лансирана во 23.05 часот по GMT од космодромот во Кејп Канаверал, соопшти НАСА.
Ова е првата американска мисија што ќе земе примерок од астероидот.
Астероидот чиј дијаметар е поголем од висината на Емпајер Стејт билдинг, е откриен во 1999 година и било утврдено дека постои можност да помине премногу блиску до Земјата во 22 век.
Иако ризикот за Земјата е многу мал, НАСА и натаму го смета за еден од најопасните …
Шест лица загинаа, од кои петмина мажи и една жена во падот на авионот „пајпер“ што во вторникот попладне се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле, „Макфакс“.
Како што објави италијанскиот весник „Ла Република“, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.
Од друга страна, некои косовски медиуми јавија дека во несреќата загинал …
Седмото издание на меѓународниот турнир во мечување Охрид Лејк Куп, деновиве во Охрид ги донесе некои од најдобрите мечувалци од десетина земји од светот. Координација, брзина, рефлекс, самодоверба и висока интелигенција се некои од карактеристиките кои се потребни во мечувањето. Љубителите на овој спорт велат дека мечувањето е втор мисловен спорт, веднаш по шахот. Последниве години во Македонија интересот за овој спорт се намалува. Потребен е повисок стандард за занимавање со овој спорт, а речиси сите мечувалски клубови се во Скопје.
„Ние практично се имаме организирано има 6 клубови во С…