Нелојалната конкуренција, рана на македонскиот туризам

Нелојалната конкуренција го загрогузува растот бројот на странски туристи кои ја посетуваат Македонија, што дирекно влијае на  девизниот прилив во државната каса, како и на инвестиците во туризмот.

 |   | 

Се поголемиот број на „човек агенциите“ кои нудат услуги на туристите со директни настапи пред нив во централните градски подрачја и низ главните шеталишта во Охрид и Струга, се поголема закана за туризмот.

Асим Меџедовиќ, член на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, објаснува дека оваа појава која во последно време зема сериозни размери преизвикува на туристите да им се нарушува приватноста, а на државата угледот. – Ако во минатото биле нелегални сега имаат искористено некои пропусти во законите и се веќе човек агенции регистрирани и лиценцирани, но никој не ја проверува нивната услуга на туристите и нивната понуда е во најмала рака сомнителна, објасни Меџедовиќ.

Освен „човек агенциите“ друг доополнителен проблем е и големиот број на неевидентирани апартмани кои се издаваат на странските гости, со што се избегнуваат и давачките кон државата односно дирекно се влијае влијае на девизниот прилив.

Директен удар на работата на регистрираните домашни агенции, се и организираните патувања во странство од страна на фолклорни групи, училишта, организации, транспортни фирми, но и од домашни агенции кои не ги исполнуваат условите.
Имено многу туроператори од странство не ги прават аранжаманите преку агенции туку сами во државава, не користејќи ни македонски водич. Најново е што странски туроператори земаат само водич од кај нас кој го организира целото патување во Македонија, каде се манипулира со кеш, и затоа и девизниот прилив не може да биде евидентиран.

За соодветен одговор на овие негативни појави, од здружението бараат координирана акција од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи, Инспекторатот во Општина Охрид, градоначалниците на Охрид и Струга и Министерството за внатрешни работи.

Податоците на Народната банка на РМ покажуваат пад од 12,6 проценти на девизниот ефект од патувањата во првите шест месеци лани, кога имало 30,20 милиони долари, споредено со истиот период годинава кога се регистрирани 26,40 милиони долари. Од 2010 година заклучно со 2015 вкупниот девизен ефект од патувања изнесува 744,4 милиони долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top