Авионска несреќа кај Катланово, шест жртви

Шест лица загинаа, од кои петмина мажи и една жена во падот на авионот „пајпер“ што во вторникот попладне се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле, „Макфакс“.

 |   | 

Како што објави италијанскиот весник „Ла Република“, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.

Од друга страна, некои косовски медиуми јавија дека во несреќата загинал и братот на Висар, Ф.Бегај.

Според рутата, авионот требало од Тревизо да слета во Скопје за да наполни гориво, а потоа да се упати кон Приштина, но два километра пред пистата леталото се губи од радарот.

Истрагата е во тек и засега нема информации што довело до падот на авионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top