Мај 14, 2020

Започнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусот. Овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа. Согласно ова, Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македон…

Мај 13, 2020

20 нови случаи на Ковид-19, починаа 3 лица

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 24 оздравени пациенти. – Скопје 12 – Прилеп 7 – Тетово 3 – Кавадарци 1 – Пехчево 1 Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетов…

Мај 7, 2020

40 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе …

Мај 6, 2020

Донесени уредбите за основно, средно и високо образование

На последната своја седница, Владата донесе измени на Уредбата за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, Уредбата за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба. Со Уредбата за основното образование, се уредуваат роковите за објавување јавен повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар на акредитираните здруженија на наставници, за запишување на децата во прво одделение во основно училиште, за…

Мај 6, 2020

Православните христијани денес го слават еден од најголемите пролетни празници, Св. великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

Празникот на Св. великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, се празнува на 6 мај според новиот, односно на 23 април според стариот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија, што од друга страна значи дека во негова основа е празнувањето на природата, на разубавувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде…

Мај 4, 2020

Потврдени се 7 нови случаи на ковид-19, почина еден пациент

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти. – Скопје 9- Куманово 9- Прилеп 8- Тетово 13- Охрид 1- Гостивар 5- Кочани 1- Крива Паланка 1 Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Досега се направени вкупно 17.359 тестирања на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиј…

Мај 1, 2020

Генералка на новиот плоштад „Табана“

По завршувањето на градежните зафати кај новиот плоштад „Табана“ на ул.„Коста Абраш“ екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ го расчистија темелно просторот. Истовремено, се изврши миење и метење на реконструираниот мини-плоштад.

Апр 30, 2020

23 нови случаи на Kовид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1. Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години. Во денешниот изве…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top