Мар 21, 2011

Пролетта пристигна, а ни носи и неколку проблеми

Доаѓањето на пролетта означува нов почеток. Ова годишно време треба да ви претставува будење, оставање на проблемите и облеката на минатото, а овој викенд ќе го промениме и сметањето на времето. Вчера ја дочекавме и пролетната рамнодневица, денот беше долг колку и ноќта и месечината е најблиску до Земјата. Што друго знаеме за пролетта? Пролетни дождови, сe се раззеленува и цути, сонцето ќе почне наскоро посилно да грее и сe ќе се разбуди од зимскиот сон. Но, има и неколку работи што ни ги носи ова годишно време што не сме ги знаеле, а ги чувствуваме. На првиот ден од пролетта, ние веднаш да…

Мар 19, 2011

Вечерва фрлете поглед кон месечината !

Благодарение на флуктуација на орбиталната механика, Месечината вечерва(19 март 2011) ќе понуди неверојатна глетка!Супермесечината во 8 часот вечерва ќе биде најблизу до Земјата во последните 18 години. Ако не е облачно, ќе видиме огромна полна Месечина оддалечена „само“ 221 565 километри. На својот врв – најблиската точка до која ќе се доближи Месечината, таа ќе изгледа 14% поголема и 30% посветла одошто другите појави на полна месечина.Супермесечината нема да предизвика природни катастрофи. Последната ваква појава на супер – месечина беше во 1983 година. Иако теоретски полната месечина тр…

Мар 19, 2011

Замена за четкичка за заби

Забите треба да се мијат после секој оброк, на тоа не учат од мали. Но, доколку се најдете во ситуација кога немате со вас четка за заби, некои намирници можат да ви помогнат во отстранување на нечистотијата ид усната празнина.Грицкањето на одредено крцкаво и тврдо овошје и зеленчук предизвикува лачење на плунка која ги уништува бакериите, го отстранува плакот и ги одржува забите чисти и здрави.Намирници кои ги чистат забите:1. Јаболка (познати се како природна четкичка за заби затоа што во себе содржат фосфор, калциум и флуор)2. Свежи моркови3. Целер{loadposition content9}

Мар 18, 2011

(видео)Фудбалерот и интелигенцијата

Наместо да гледаме клипови од мачки кои се на сизифовски маки обидувајќи се да влезат во некоја кутија, тука ни е Марио Балотели. Пред да искоментирате било што, имајте на ум дека малиот Марио заработува 200.000 евра неделно од шеиците кои додуша не го плаќаат за да знае да облече маркер, туку за да шиба голови.Интелигенцијата е капацитет на личноста да се однесува на одреден начин, успешно да се справува со предизвиците и да ги постигнува своите цели. Балотели никако да се справи со дупките на маичката. Еве ја епската битка на Супер Марио Балотели тхе глупсон и страшниот маркер!{hwdvideosh…

Мар 18, 2011

Сандра Булок донираше еден милион долари за Јапонија

Познатата холивудска актерка, Сандра Булок испрати донација во американскиот Црвен крст, за помош во Јапонија.Од Црвениот крст велат дека ова е најголемата донација од било кој од познатите личности, кои донирале за измачените во Јапонија, но посочуваат дека постојат многу кои платиле поголем износ, меѓутоа останале анонимни.-Оваа донација е многу важна за нас и за луѓето во Јапонија, истакна Црвениот крст.Ова не е прв пат Сандра Булок  да помогне со донации. По силниот земјотрес што го погоди Хаити минатата година, актерката донираше пет милиони за да им помогне на повредените.Многу од ѕве…

Мар 17, 2011

Супербебиња од тројца родители!

Со новата постапка за оплодување ин витро-можат да се создадат деца не од двајца, туку од тројца биолошки родители, објаснија научниците од Њукасл.За постапката ќе се користи генетски материјал од три, наместо од две лица.Со сперматозоидите од еден маж ќе бидат оплодувани две женски јајца.Така ќе се избегне опасноста од пренесување на сериозни наследни болести.Новиот метод може да им помогне на ризичните парови со митохондриални пореметувања да добијат здрави деца.{loadposition content9}

Мар 17, 2011

„Што ме сада тражиш……“

Кери Грејвс го оставила своето момче Метју Бреч со кој била во врска цели 14 години. Му рекла дека е досаден и сака повеќе секс.Набргу откако добил „корпа“ Метју уплатил лото и добил 17,8 милиони фунти!Британските медиуми веќе ја прогласија 31 годишната Кери за најнесреќна жена на светот. Таа веќе има ново момче,а Метју бара девојка преку агенција за самци.За добивката прво ја известил мајка му,а потоа се чул и со Кери која му честитала-пишува Сан.Метју кој работел како возач и чие хоби е спиењето,изјавил дека се надева дека парите нема да го променат.{loadposition content9}

Мар 15, 2011

Сите се плашат од девојче во бела ноќница

Шпанците снимиле скриена камера по пример од хорор филм.Во ходникот на на еден хотел телевизиска екипа поставила малечко девојче во бела ноќница со разбушавена коса и кукла во раката.Кај секој гостин на хотелот кој наиде на безопасното девојче глетката предизвика вресок или реакција како да виделе дух. Никој, ама баш никој не нашол за згодно да му пријде на девојчето и да го праша дали е добро или дали се загубило, каде му се родителите. Толку од човештината. Живееме во хорор филм.{hwdvideoshare}id=1265|width=300|height=225{/hwdvideoshare}{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top