Валентино направи интригантна кампања со наслов „Дали сте ја виделе Валентина?“ Во спотот се појавува манекенката Фраја Биа Ириксен, која лута низ градот и исчезнува од својот гламурозен живот. Сепак, одлично режираното кратко видео за парфемот не завршува овде.Постои и сајт на кој можете да се забавувате барајќи ја Валентина http://www.have-you-seen-valentina.comЌе успеете ли да ја пронајдете?{loadposition content9}
Во саботата некаде после 20 часот, Македонската радио телевизија, од „нигде-никаде“ соопшти дека оваа година се одлучиле наместо стандардниот Скопски фестивал со три фестивалски вечери (каде секој има право да учествува), да си го искористи ексклузивното право и сама да го одбере нашиот претставник. Оваа информација буквално ни дојде како гром од ведро небо, без прес конференција, без претходна најава и веднаш предизвика коментари и реакции. МТВ како да побрза да ги стигне Србите и Босанците, кои нивниот претставник го одбраа на истиот начин. Србите, Жељко Јоксимовиќ, а Босанците, Хари Мата…
Деми Мур и Ештон Качер објавија вчера дека се разделуваат после шест години брак. Сега на површина излегуваат детали од нивниот однос. Имено, според пишувањето на американските медиуми, Деми е бисексуална, а сите свои потреби не ги задоволувала со Ештон. -Сите во Холивуд знаат за нивниот договор за отворен брак, но досега успеаја да ја зачуваат тајната од новинарите. Деми го одобруваше флертувањето на Ештон со други девојки, и некако успеаја да ја одржат врската низ сите тие години – изјавил изворот.49-годишната Деми и 33-годишниот Ештон одлучија да се разделат откако е објавено дека пред д…
Американската полиција известила дека повторно ќе ја отвори истрагата околу смртта на познатата актерка Натали Вуд, која се удавила под чудни околности на крајот на ноември 1981 година. Безживотното тело на 43-годишната Вуд е пронајдено како плута во близина на калифорнискиот остров Санта Каталина. Вечерта пред нејзината смрт, ѕвездата од филмовите “Бунтовник без причина“ и “Приказната од западната страна“, Вуд била во друштво на својот сопруг, телевизиската ѕвезда, Роберт Вагнер и актерот Кристофер Валкен. Тие вечерале и се забавувале на јахта на самиот остров. Нејзината смрт тогаш била п…
Не е лесно да се совлада човек како Џорџ Клуни, но неговата девојка Стејси Киблер го стори тоа. Таа може да го натепа. „Таа е многу висока и може да ме совлада да паднам два од три пати“, изјави Клуни. Пад е крајот на мечот во борење, така што Клуни мислеше на атлетските моќи на девојка му, што ги стекнала како кечер во светскиот шампионат во борење. „Може да ме натепа“, изјави холивудската ѕвезда и додаде дека е многу фина.{loadposition content9}
Откако медиумите почнаа да ја прозиваат за нејзината полничка фигура, Мајли реши да го возврати ударот. Рака на срце, тинејџерската ѕвезда во полседно време накачи некој килограм, но таа смета дека тоа е добро затоа што станала вистинска жена. На својот Твитер профил постирала слика на анорексична девојка а под неа напишала „секој пат кога некого ќе го наречете дебел го терате да се претвори во ова“.После тоа објавила и слика на Мерлин Монро како доказ дека мажите сакаат жени со облини и напишала „Јас не сакам да имам тело како девојче туку како жена а верувајте ми мои дами, тоа на вашите …
Само десет дена откако почна да се шушка дека Кејт Мидлтон е бремена само затоа што одбила да проба тестенини со путер од кикиритки, според магазинот „Ин тач“, се појави релевантен извор, близок до кралското семејство, кој ја „поткрепува“ таа претпоставка. Дали овој пат е навистина бремена? Тие велат да, и додаваат дека е во шестата недела од бременоста. Изворот открил дека, наводно, кралскиот пар веќе размислува за машко и за женско име за бебето, иако и двајцата навиваат за женско, а особено Вилијам.Се зборува дека Кејт и Вилијам веќе подготвуваат три соби за бебето, од кои една ќе биде д…
На Фејсбук профилот на Al Gustuz Mahmoud можат да се најдат цела галерија со фотографии од концерти, средби со фанови и приватни фотографии на нашиот трагично починат пејач Тоше Проески.Al Gustuz Mahmoud кој на Фејсбук има повеќе од 1.000 пријатели лажно се претставува како Тоше користејќи цела галерија негови фотографии.На својот Фејсбук профил вели дека живее во Оукленд, Нов Зеланд, а доаѓа од Летонија. Тој измислува настани и места кои одговараат на неговите лажни тврдења и под секоја фотографија од Тоше Проески става опис каде е фотографирана.Засега е непознато зошто овој човек се решил…