Калиопи, пак!

Калиопи е нашиот евровизиски претставник, кој во 2012-та ќе патува во Азербејџан.

 |   | 
Kaliopi
kaliopi

kaliopiВо саботата некаде после 20 часот, Македонската радио телевизија, од „нигде-никаде“ соопшти дека оваа година се одлучиле наместо стандардниот Скопски фестивал со три фестивалски вечери (каде секој има право да учествува), да си го искористи ексклузивното право и сама да го одбере нашиот претставник. Оваа информација буквално ни дојде како гром од ведро небо, без прес конференција, без претходна најава и веднаш предизвика коментари и реакции. МТВ како да побрза да ги стигне Србите и Босанците, кои нивниот претставник го одбраа на истиот начин. Србите, Жељко Јоксимовиќ, а Босанците, Хари Мата Хари т.е Хари Варешановиќ. Дури ни самата Калиопи не знаела за оваа информација, која ја слушнала надвор од Македонија. „Ви благодарам многу на поканата, се разбира дека ја прифаќам, жал ми е што во највозбудливиот момент не сум во Македонија, почестена сум, одговорноста е огромна“, изјави Калиопи.

Зошто МТВ се одлучи на овој потег, останува да се прашуваме. Јавноста е поделена по ова прашање. Не станува збор за тоа зошто Калиопи ќе пее и дали таа е пејач или не. Во тоа нема сомневање, Калиопи е повеќе од докажана ѕвезда и пејач со реноме од светски ранг, но дали одлуката донесена позади „врати“, ќе ги револтира останатите на кои им е скратено правото да се натпреваруваат? Најверојатно МТВ сакајќи да ги одбегне скандалите, реши да пресече уште пред самиот старт. Но дали ова е вистинската одлука? Ќе дознаеме во мај во Баку, Азербејџан.

Колку за потсетување, Македонија нема влезено во финалето од 2007-та година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top