Мар 26, 2012

Наскоро ќе нема ќелави??

Американските научници ги тестирале глувците и ќелавите луѓе кои волонтирале за истражувањето, а било утврдено дека постои протеин кој го предизвикува слабеењето на влакното, тенчењето на косата и поради тоа и нејзиното опаѓање. Научниот весник за медицина објави дека истражувачите веќе тестирале потенцијални лекови и дека развиваат нови начини како да се изборат со ќелавоста на мажите.Имено, тие сакаат да направат крема со која би се третирале раните симптоми на ќелавост.Поглемиот број на мажи почнуваат да ја губат косата во средното доба, а околу 80% од нив го губи најголемиот дел од коса…

Мар 22, 2012

Забранети анорексичните манекенки

Израелскиот Парламент забрани настапи на премногу слаби манекенки на модните писти и реклами, со цел да помогне во намалувањето на нарушувањата во исхраната кај населението.Законот предвидува дека мажите и жените нема да може да се вработат како модели доколку претходно не добијат потврда од лекар да не се премногу слаби, односно индексот на телесна маса, кој се иразува со односот меѓу висината и телесната тежина, и не смее да биде помал од 18,5.Огласувачите, според законот, ќе мораат јасно да истакнат доколку моделот на некоја фотографија е прикажан „послабо“ со помош на некоја графичка те…

Мар 21, 2012

Летачката Мери

Стоиедногодишната американка Мери Хардисон денеска официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди, како највозрасна жена која летала на параглајдер за двајца.Стоиедногодишната американка Мери Хардисон денеска официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди, како највозрасна жена која летала на параглајдер за двајца.Хардисон леташе на параглајдер на 1 септември 2011 година, на својот 101 роденден, додека четири генерации на нејзиното семејство ја следеа во живо и навиваа за неа.Гинисовата рекордерка оијаснила дека посакала да лета со параглејдер, откако нејзиниот син на 75 годишна возраст п…

Мар 21, 2012

Со Аспирин против ракот

Секојдневното земање на мала доза „Аспирин“ може да го спречи ширењето на ракот низ телото, а евентуално и да го лекува, покажува студијата на група научници од Универзитетот во Оксфорд.Научниците тврдат дека првпат се откриени антиканцерогените својства на овој одамна познат лек, откако испитувањата што се правени врз 77.000 пациенти покажале дека „Аспиринот“ го намалува ширењето на канцерот низ телото за 36 отсто. Професорот од оксфордскиот Универзитет Питер Ротвел тврди дека станува збор за едно мошне значајно откритие.- Болните може побрзо да умрат како последица на ширењето на ракот, о…

Мар 17, 2012

Швалерајот предизвикува мигрена

Италијанските научници докажале дека неверството му штети на здравјето. Тоа има негативно влијание и на здравјето на партнерот кој изневерува, но и на изневереното лице. Според психолозите, еден од четири мажи барем еднаш ја изневерил партнерката, додека кај понежниот пол изневерува секоја петта жена.Научниците по пат на различни истражувања дошле до заклучок дека мажите кои одржуваат афера имаат висок ризик за заболување од мигрена и анеуризма. Неверниот партнер е под поголем стрес кој со тек на време влијае и на здравствената состојбата. Но, тоа не е се. Неверството има негативен одраз и …

Мар 15, 2012

Среќата по 45-тата почнува

И покрај мислењето дека луѓето со стареењето стануваат мрзеливи, најновото истражување на Универзитетот „Ворвик“ покажува дека луѓето по 45-тата година се чувствуваат посреќни.Средовечните испитаници изјавија дека со годините квалитетот на нивниот ментален живот им се подобрил иако физички се чувствуваат лошо.За потребите на студиите испитани се 10.000 луѓе, а фокусот на истражувањата бил нивниот начин на живот, менталниот и физичкиот квалитет на живот при што се земени во предвид општата здравствена состојба, општественото функционирање, менталното здравје и прагот на издржливост на болка….

Мар 14, 2012

Во мај се раѓаат алкохоличари

Според група научници месецот во кој сте родени го одредува вашето здравје. Еве до какви сознанија дошле после долго истражување. Родените во месец јануари ризикуваат да доживеат психички заболувања. За тоа можеби е виновен недостатокот на светлина во последниот месец од бременоста. Тоа делува на намалување на синтеза на витаминот Д, со чија помош се формира мозокот на бебето.Родените во месец февруари и март често страдаат од алергиска настинка и други видови алергии. Раѓањето неколку месеци пред поленот да полета низ воздухот, го зголемува ризикот од алергија кон нив. Родените во март рет…

Мар 14, 2012

Бижутеријата е отровна

Жените честопати ја ставаат убавината пред здравјето, а притоа не размислуваат за потенцијалните опасности за нивното здравје, но и за безбедноста на нивните деца.Алките, обетките, ѓерданите, прстените и друга бижутерија купени во продавници на „Walmart“, „Kohl’s“, „Forever 21“, „H & M“, „Hot Topic“ и „Target“, содржат една или повеќе хемикалии, што според надлежните органи се сметаат за опасни по човековото здравје, покажуваат резултатите на „Ecology Center“ и Healthystuff.org.Европската Унија планира да ја забрани продажбата на евтината бижутерија што содржи кадмиум, високотоксичен ме…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top