Среќата по 45-тата почнува

И покрај мислењето дека луѓето со стареењето стануваат мрзеливи, најновото истражување на Универзитетот „Ворвик“ покажува дека луѓето по 45-тата година се чувствуваат посреќни.

 |   | 
couple
пар

coupleИ покрај мислењето дека луѓето со стареењето стануваат мрзеливи, најновото истражување на Универзитетот „Ворвик“ покажува дека луѓето по 45-тата година се чувствуваат посреќни.

Средовечните испитаници изјавија дека со годините квалитетот на нивниот ментален живот им се подобрил иако физички се чувствуваат лошо.

За потребите на студиите испитани се 10.000 луѓе, а фокусот на истражувањата бил нивниот начин на живот, менталниот и физичкиот квалитет на живот при што се земени во предвид општата здравствена состојба, општественото функционирање, менталното здравје и прагот на издржливост на болка.

– Очигледно е дека здравјето на луѓето се влошува со стареењето, но интересно е дека нивната ментална благосостојба се подобрува, изјави др. Кендал Нгианг-Баквин.

Истражувачите сметаа дека причината за тоа може да биде во тоа што луѓето во години полесно се борат со проблемите и имаат помалку очекувања, па е помалку веројатно дека ќе си прават себе си дополнителен притисок во приватниот и професионалниот живот.

Студијата покажува дека испитаниците кои спијат меѓу шест и осум часа дневно, психички и физички се поздрави во споредба со оние кои спијат помалку од шест часа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top