Однапред знаат кој ќе добие Оскар!

Со нетрпение се очекува доделувањето

 |  инфодеск  | 

Додека филмската публика, актерите, актерките и режисерите со нетрпение ја очекуваат ноќта на доделување на Оскари, Рик Росас и Брајан Кулинан се единствени кои веќе знаат кој ќе ја освои оваа престижна статуетка. Двајцата се претседатели на Академијата за филмски и научни уметности (AMPAS).

Екипа од шест луѓе, вклучувајќи ги и Рик Росас и Брајан Кулинан, ги дели гласовите на два дела така што никој не го знае точниот број на гласови. Во овој момент гласовите се со сигурност споени и членовите на Академијата знаат кој ќе плаче од среќа на доделувањето.

Вкупно има околу 6.000 членови на Академијата кои гласаат за добитниците на Оскар. Откако ќе се соберат, гласовите се бројат неколку пати. Конечните резултати се ставаат во три различни плика. Рик и Брајан имаат задача да го одвојат добитничкото плико а другите две да ги уништат.

Пликата патуваат во два различни автомобили со големо обезбедување. Единствено тие се овластени да ја носат актовката со победничките плика. Преку црвениот тепих одат до сцената каде пликата ќе ги предадат на лицата кои ќе прогласуваат победници.

Оскарите биле и ќе останат најважна филмска награда. Оваа е 86-то доделување по ред.

Најмногу номинации имаат „Американски измамници“ и „Гравитација“ по 10 номинации, со 9 номинации е филмот „12 години ропство“, а „Волкот од Вол Стрит“ е со 5 номинации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top