Обама и Бред Пит роднини

Славните ѕвезди во сродство

 |  инфодеск  | 

Никогаш не би помислиле дека овие славни ѕвезди се во сродство. По пат на интернет страната find my past откриени се документи од периодот 1698 до 1947 година во кои се откриени поврзаности на бројни славни личности.

Така Барак Обама е далечен роднина со актерот Бред Пит, а Хилари Клинтон е поврзана со неговата партнерка Анџелина Џоли.

Истражувачите од New England Historic Genealogical Society открија необични роднински врски помеѓу славни личности.

Американскиот претседател Обама и актерот Бред Пит го делат прапрадедото од десето колено, кој починал 1769 година, а актерката Џоли е поврзана во девето колено со Хилари Клинтон.

Хилари Клинтон, која е со француско-канадско потекло од мајчина страна е далечна роднина и со Мадона, Селин Дион и Аланис Морисет.

Освен со Клинтонова, славната пејачка Мадона има далечна роднинска врска и со британската кралска фамилија. Камила Паркер и пејачката се роднини во деветто колено.

Бившиот сопруг на Мадона, Гај Ричи има благороднички врски. Славниот режисер е роднина со Кејт Мидлтон и тоа во шесто колено. Дејвид Мартино и Сара Медоус, кои живееле во 18-ти век, се прадедо и прабаба на Кејт во шесто колено а на Гај Ричи во петто колено.

Селин Дион и Џастин Бибер се роднини во 10-то колено и имаат заеднички прадедо и прабаба.

Актерот Џони Деп и кралицата Елизабета II имаат заеднички предок кој живеел во 14-ти век

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top