Десет најпопуларни на фејсбук

Погледнете ја листата на најпосетените страни на Фејсбук

 

 |  инфодеск  | 

На 10-то место се наоѓа пејачот Akon чиј фејсбук профил има 52,849,693 допаѓања. Ова лето неговиот хит се свиреше во сите клубови.

Веднаш зад него се наоѓа познатата пејачка Beyonce со 56,072,210 допаѓања. Таа неодамна сјаеше на годинашното доделување на Греми наградите. По цела година настапи во делови од светот, играње и вежбање, телото на убавата пејачка е доведено до совршенство! Цврст задник, затегнати нозе, минијатурен струк – Beyonce на сите сакаше да им покаже како може да бидеш секси иако е мајка во долгогодишен брак.

Зад Beyonce се сместиле групата Linkin park со 59,589,737 допаѓања на Фејсбук. Момците се на турнеја и оваа година меѓудругите ќе го посетат Лисабон и Милано.

 Katy Perry се наоѓа на 7-мо место со 63,456,020 допаѓања. Младата пејачка од неодамна стана и амбасадорка на УНИЦЕФ. Својата работа во оваа хуманитарна организација ќе ја усмери на подобрување на животот на најранливите категории деца.

 Justin Beiber се смести на 6-то место, а неговиот Фејсбук профил прибрал 63,007,726 допаѓања. Тој неодамна имаше проблеми во САД, каде беше уапсен под обвинение за возење во пијана состојба и учество во улични трки со автомобили, а пуштен е на слобода со залог од 2,5 илјади долари.

 Фејсбук профилот на Lady Gaga собрал 58,468,349 допаѓања. Секогаш ексцентрична со комбинациите од облека успеа повторно да шокира на промоцијата на новиот албум. 27-годишната Gaga покажа дека ја живее својата уметност, а сите ги изненади со летечкиот фустан во кој и полета.

 Michael Jackson го лајкнале 69,676,348 пати. Тој почина во ЛА во својата 50-та година од предозирање со пропофол, јак анестетик кој на препорака на својот доктор го користел како средство за спиење.

 Фејсбукот на Shakira собрал 81,232,667 допаѓања. Shakira и Rihanna објавија спот за новата песна „Can’t Remember to Forget You”. А во него хемијата помеѓу нив скоро е опиплива, самодовербата блика на сите страни, секси играње со мрдање на колковите и комбинации од егзотични ритми и рок гитари.

 Второто место го завзеде Eminem. Неговата фејсбук страница има 81,465,636 допаѓања. Спотот за песната „Monster” од неговиот најнов албум „The Marshall Mathers”, премиерно е прикажан на ESPN пред фудбалскиот натпревар во Детроит. Во спотот Rihanna има улога на психијатар а Eminem е нејзиниот пациент.

 На прво место се наоѓа Rihanna со 85,043,109 допаѓања. Последните неколку години Rihanna не престанува да вади хитови, а со се поголемиот успех таа сама станува се послободна и попровокативна. Славната пејачка сними и моден едиторијал за бразилско списание, има нова мејк ап линија, и нова колекција на облека, а почна со снимање и на нов албум.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top