Во Фејсбук можат да предвидат

Анализа на парови кои објавиле врска

 |  инфодеск  | 

Аналитичарот на Фејсбук Богдан Стејт,  ги анализирал врските на американските парови кои објавиле статус на врска. Клучно било паровите да ги издржат првите пар месеци во врска.

Фејсбук за своите корисници собира огромен број на податоци, а за празникот св.Валентин прикажа и дел од своите невообичаени можности. Темелено на сите податоци можат да предвидат дали некоја романтична врска помеѓу двајца корисници ќе потрае.

Спрема нивните анализи, ако двајца се во службена врска на Фејсбук барем три месеци, големи се шансите дека таа врска ќе потрае. Аналитичарот Богдан Стејт анализирал статуси на врска на американски корисници од 2008 до 2011 година и открил дека за успех на врската е клучно колку тој пар е веќе во врска. Околу половина од паровите кои преживеале во првите три месеци, најверојатно ќе бидат во врска и следните четири години, пренесува Huffington Post.

Во студијата ги анализирале само врските кои траат најмалку три месеци и луѓе кои се постари од 23 години, но не и тие што се во брак.

Повеќе за анализата и детални графикони можете да ги најдете на Фејсбуковиот пост за врските.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top