Zuckerberg воведува повторно нови промени на Facebook

Можеби на многумина нема да им се допаднат, но корисниците се навикнаа на промени

 |  инфодеск  | 

Корисниците на најголемата социјална мрежа на светот веќе навикнаа на константни промени и подобрувања, а сега од Facebook припремаат нови промени околу начинот на прикажување на известувањата. Овие промени, за кои на Mirror велат дека можеби нема да им се допаднат на корисниците, се однесуваат на нов начин на прикажување на  известувањата, односно ќе има картичка со известување на која ќе се прикажува содржината од Facebook која на корисниците би можела да им е интересна. Картичката со известувања во иднина ќе содржи информации за родендени, важни животни случувања за самите корисници и нивните пријатели, разни случувања…

Освен тоа, на оваа картичка со известувања ќе се прикажува и актуелната содржина и теми – нешто слично како trending topics на Twitter, а ќе се прикажуваат и виртуелни локални вести, кои ќе се базираат на претходни објави и фотографии. Посебно е интерсна опцијата nearby friends која ќе ве известува за тоа кога вашите пријатели се во вашиот град.

Овие информации ги потврдиле од Facebook од каде коментирале дека со помош на новата картичка со известувања, важните информации ќе бидат подостапни за корисниците. Секако треба да се види дали новиот систем на известување (достапен само за мобилните уреди) ќе се покаже во пракса, но се чини дека дел од корисниците нема да го прифатат – имено, голем број на луѓе со кои сме пријатели на Facebook, не сме пријатели и во реалниот живот, па сигурно е дека не би сакале да примаме известувања за нивните животи.

Zuckerberg и екипата би можеле повторно да се најдат на удар на критики. Сеуште не е познато кога може да се очекуваат новите промени, но Facebook  како и секогаш прво ќе ги воведе во САД, а со тек на време ќе се прошират насекаде во светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top