Еве зошто се празнат батериите

И најнапредните литиум-јонски батерии го губат капацитетот

 |  инфодеск  | 

Дури и најнапредните литиум-јонски батерии со време го губат својот капацитет. Тоа што дава надеж за овој проблем се двете нови студии спроведени со поддршка на американското министерство за енергетика.

Овие студии упатуваат на малите нанокристали како виновници за намалување на капацитетот на батеријата. Клучот за разрешување на мистеријата бил во набљудувањето на материјалот од кој се изработени катодите и анодите на модерните батерии. Научниците веќе докажале дека овие компоненти се главниот виновник за пропаѓање на батериите, но механизмот не е познат.

Тим од националната лабораторија Brookhaven во САД користел исклучително осетлив трансмисионен електронски микроскоп за да ги следи промените во висококвалитетните аноди од никел-оксид, додека наизменично се полнеле и празнеле.

Експериментот покажал дека литиумските јони поминувале низ катодите и анодите и полека ги затварале јонските канали поради реагирањето со никел-оксидот и произведувале мали кристали (наслаги на соли).

Овие кристали ја менуваат структурата на батеријата и прават другите јони да се движат помалку ефикасно, поради што се намалува капацитетот на батеријата.

На изненадување на научниците, пропаѓањето немало никаква доследна шема, барем не на почеток.

Другата студија која е спроведена во Националната лабораторија за испитување на обновливи извори на енергија ги следела ефектите на брзината на полнење и празнење на батеријата, но повеќе се фокусирала на катодата.

Двете истражувања можат да помогнат во развојот на батериите со подобар капацитет, велат научниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top