Зошто Facebook ги присили корисниците на употреба на Messenger

Многумина се прашуваа зошто Facebook се одлучи на таков агресивен чекор

 |  инфодеск  | 

Facebook оваа година најави дека неговите мобилни корисници ќе мораат задолжително да ја користат апликацијата Messenger за праќање приватни пораки.

До неодамна, праќањето и пишувањето пораки беше возможно и внатре во главната апликација на Facebook, но компанијата одлучила дека нејзините мобилни корисници ќе мораат за допишување да користат посебна апликација, исклучително Messenger. Со други зборови, сега мора да се користат две апликации на телефоните.

Многумина се прашуваа зошто Facebook  се одлучил за така агресивен чекор, а вообичаената теорија беше дека најголемата социјална мрежа сака да го зголеми бројот на корисници на својот Messenger. Тоа на некој начин им успеа со оглед дека Messenger е најпопуларната бесплатна апликација на iOS.

Меѓутоа, прашањето останало – зошто да се ризикува незадоволството на корисниците кои досега не сакаа да користат Messenger, дотолку повеќе што компанијата го купи и популарниот сервис за пораки WhatsApp?

Како што пишува Fast Company, се чини дека излегува на површина единствениот можен одговор – мобилното плаќање. Имено, спрема скриншотовите кои излегоа на Twitter, најверојатно Facebook експериментира со опцијата на праќање пари помеѓу корисниците на Messinger, односно се спрема лансирање на нова услуга слична на онаа која ја пружаат сервисите PayPal или Square Cash.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top