Француските и јапонските архитекти планираат да направат „Бело Дрво“ насред Монпеље во Франција, а се работи за станбена зграда на која терасите и тендите ќе излегуваат од ѕидовите како гранки од дрво.
На врвот од зградата ќе има penthouse бар со прекрасен видик на морето и планините околу, уметничка галерија и ресторан. На граѓаните ќе им бидат понудени 120 различни станови.
Следната година е рокот кога овој француски град ќе го краси зградата Бело Дрво.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град