Зголемено воено присуство на САД

Американскиот секретар за одбрана најавил

 |  инфодеск  | 

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел најавил поголемо воено присуство во Полска и балтичките држави.

Поголемото воено присуство ќе биде како поддршка на сојузниците, по интервенцијата на Русија на Крим, во Украина, најавил Хејгел.

„Министерството за одбрана од утрово спроведува мерки за поддршка на нашите сојузници, вклучувајќи ширење на воздухопловната обука во Полска и зајакнување на улогата на САД во мисијата на надзор на НАТО над балтичките држави“, рекол Хејгел, а пренесла агенцијата AP.

Хејгел говорел пред комитетот за вооружени сили во Сенатот, каде истакнал дека САД повторно ја потврдува својата приврзаност кон сојузниците во централна и источна Европа, а некои од нив пола век биле под советска доминација, додава АР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top