Завршена е истрагата за имотот на Јанез Јанша, неговата сопруга, Уршка Бачовник, неговиот брат Рајко Јанша, банкарската службеничка Наташа Пајенк, која е роднина на сопругата на Јанша, и во меѓувреме починатиот Јоже Загожен, кој беше некогашен застапник во парламентот. Истрагата сугерира дека се собрани доволно докази за подигнување на обвинение, а постои втемелено сомнение дека дел од имотот на Јанша е финансиран од незаконски извори, наведува љубљанскиот весник Dnevnik.
Државното обвинителство потврдило дека своите наоди ќе ги приложи до Јанша и останатите кои биле предмет на истрага, а потоа ќе одлучат за можно подигнување на обвинение.
Во случај да се подигне обвинение, имотот на Јанша за кој се сомнева дека е стекнат по незаконски пат, би можел да биде блокиран и пред пресудата.
Финансиската истрага за имотната состојба на Јанша е покрената врз основа на извештајот од антикорупциската комисија од 2013 година, кога утврдиле несразмерни вредности на имот и парични средства со оние кои тој ги пријавил во имотниот лист како функционер, а утврдено било дека разликата изнесувала најмалку 200.000 евра.
Времето на објавување на извештајот е кога Јанша беше претседател на влада, која по објавување на извештајот падна бидејќи владата ја напуштија две коалициски партии, така што Јанша остана без мнозинство во парламентот.
Пошироката финансиска истрага, која беше водена последните месеци, го вклучи и имотот на неговиот брат Рајко и нивните меѓусебни трансакции. Рајко Јанша се збогатил како претприемач и сопственик на компанија која тргувала со Телекомот на Словенија за време додека Јанез бил премиер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град