Зависноста од екраните сѐ поголема

Истражување за тоа колку пати дневно се проверува телефонот

 |  инфодеск  | 

Кога некој ќе ве праша колку време дневно поминувате користејќи го телефонот, што ќе одговорите?

Спрема неодамнешното истражување на Универзитетот во Nottingham, мнозинството луѓе воопшто не е свесно колку време поминуваат со мобилниот телефон в рака а правата вистина ја открила апликацијата која имала цел на истражувањето била инсталирана на своите телефони.

Лицата помеѓу 18 и 33 години кои учествувале во ова истражување своите телефони ги проверувале на секои 10 минути – сурфале на интернет, користеле апликации, слушале музика или само проверувале колку е часот, а дневно во екранот погледнале дури 85 пати.

“Благодарение на ова истражување успеавме објективно да измериме колку често луѓето ги користат паметните телефони, а при тоа ги прашавме испитаниците што мислат тие колку време дневно го користат телефонот”,ги  коментирала др. Sally Andrews резултатите на ова истражување кое покажало како мнозинството луѓе проведува двојно повеќе време на телефонот отколку што мислат.

Земањето на телефонот в рака и проверувањето на пошта, социјални мрежи или читање вести на малите екрани на многумина тоа им влегло во навика, односно станале зависни од екраните. Исто така, ова истражување покажало дека телефоните најчесто се проверуваат попладне и навечер.

Ова истражување не донесе нешто ново, но дел од луѓето станале толку зависни од телефоните и желбата за пристап до информации и во случај до себе да го немаат телефонот или да им се испразни батеријата, чувствуваат нелагодност и анксиозност, што е пореметување познато како номофобија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top