Застрашувачка фотографија

Чекаат за храна и вода

 |  инфодеск  | 

Околу 160.000 жители секој ден стојат во ред, колку што досега видикот, за храна и вода.

Обединетите нации во средата објавија застрашувачки фотографии од Јармук, еден кварт во Дамаск на која се гледа ужасот на неколку стотици илјади жители кои практично се останати во замка во тој дел на градот и не можат да заминат никаде.

Околу 160.000 луѓе стојат во ред и чекаат да им се подели храна и вода. Условите во кои живеат можат да се видат на фотографијата и за тоа не треба додатен опис, а ОН ги повика завојуваните страни да овозможат на овие очајни луѓе несметано да им се доставува храна и вода.

Во Јармук се случиле некои од најжестоките судири, така што довело до недостаток на храна и вода. Овие сцени од Јармук се секојдневие, а некои претставници на ОН ги обвинија двете страни дека гладот на жителите го користат како воено оружје. До денес во Јармук починале 85 лица од глад.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top