Застава дефинитивно заминува во историјата

Компанијата од Крагуевац некогаш вработуваше 30.000 работници само во тој град

 |  инфодеск  | 

Групацијата Застава која по декопонирањето на некогашниот најголем индустриски комплекс на Балканот, Групацијата Застава, е сведена на производство на патнички, специјални, земјоделски и приклучни возила, дефинитивно заминува во историјата, пишува Danas.

Имено, во Групацијата Застава возила започна реализацијата на последниот социјален програм за кои се изјасниле 92 од вкупно 112 вработени во Холдингот, Резервни делови и Хортикултура, на компанијата од Крагуевац.

Гордана Симов, претседател на синдикатот, вели дека реализацијата на социјалната програма е “почеток на дефинитивниот крај” на групацијата, односно производството на автомобили, камиони, специјални и приклучни возила под името Застава.

На производството на возила и резервни делови кон крајот на 80-те години само во Крагуевац имаше повеќе од 30.000 вработени, а на просторот на поранешна Југославија, од производство на автомобили и останати возила од марката Застава живееа неколку стотици илјади работници и нивните фамилии.

Најверојатно засега ќе преживее само производството на автомобилски приколки бидејќи француската компанија Trigano сака да го задржи и унапреди тој погон. Trigano е токму компанијата која регистрирала компанија за приклучни возила во Србија под името Trigano приколки со седиште во Крагуевац.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top