Заробен командантот на морнарицата

Завземена морнарицата во Севастопол

 |  инфодеск  | 

Припадниците на проруските кримски единици за самоодбрана, соопштиле дека го заробиле командантот на морнарицата на Украина Сергеј Гајдук.

Тие денес заедно со руските сили ја завзеле базата на украинската морнарица во Севастопол. Игор Јескин, претставникот на руските сили на местото на инцидентот во украинската база, им изјавил на новинарите дека “Гајдук бил блокиран и немал каде да оди”.

Портпаролот на украинското министерство за одбрана, Владислав Селезњев, рекол дека, во меѓувреме  преку Фејсбук, проруските сили го завземале влезот во украинската база на морнарицата во Новојезерск, на запад на Крим, пренесува AFP. Во акцијата не е испукан ниеден куршум.

“Беа околу 200 проруски единици на самоодбраната. Некои од нив носеле маски на лицата. Од наша страна не е испукан ниеден куршум”, изјавил за агенцијата Frans Press, портпаролот на украинската морнарица Сергиј Богданов. Офицерите во базата, спрема неговите зборови, се забарикадирале во зградата.

Associated Press  јавил дека во базата пристигнал и командантот на црноморската флота. Фотограф на американска агенција наведува дека претходно набљудувал како неколку стотини припадници на самодбраната на Крим ја завземале базата на украинската морнарица во пристаништето и на неа истакнале руско знаме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top