Приватната компанија SpaceX соопшти дека ќе превезува двајца туристи околу Месечината следната година, објави денес нејзиниот директор Elon Musk.
Две лица кои се познаваат побарале од компанијата да ги превезе на една седмица на долг лет околу месечината, а Musk не сакал да ги наведе имињата на идните вселенски туристи, ниту колку ќе чини нивното патување. Тој рекол дека тие веќе платиле “значаен” депозит.
Musk рекол и дека SpaceX е на пат да лансира астронаути до Меѓународната вселенска станица за потреби на американската вселенска агенција NASA до средината на 2018 година.
Мисијата за Месечината би следела шест месеци подоцна, а би се користела капсулата Dragon и ракетата Falcon.
SpaceX соопшти и дека туристите ќе патуваат до Месечината, но леталото нема да слетува на неа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град