Сѐ започнало скромно пред 20 години

Предметот кој е ставен прв за продажба во 1995 година бил неиправен, но…

 |  инфодеск  | 

Страницата за аукциска купопродажба e-bay, која направи пресврт во интернет трговијата, слави 20 години од постоењето.

Сѐ започна со неиправна ласерска играчка. Тоа беше предметот кој беше ставен на аукција на 3-ти септември 1995 година на страницата AuctionWeb, кој ја основа тогаш 28 годишниот Pierre Omiyadar.

Ден потоа на младиот француски претприемач, со ирански корени кој како дете со фамилијата се преселил во САД , му пристигнала првата понуда, а потенцијалниот купец нудел 14 долари. Omiyadar чесно го повикал за да му објасни дека ласерот е неисправен,но тоа на купецот не му било важно бидејќи бил колекционер.

Почетоците биле скромни, но работата добивала на замав како што се ширеле компјутерите ширум светот. Една година подоцна Omiyadar сфатил дека му е потребна помош па го вработил првиот работник и го променил името на страницата во e-bay.

Веќе тогаш купопродажбата изнесувала 200.000 месечно. E-bay растеше паралелно со ширење на интернетот и денес во секој момент на страницата има околу 800 милиони понуди.

Помеѓу бизарните и впечатливи трансакции се истакнуваат сендвичот со топено сирење на кој наводно имало бриз од Девица Марија, фармерки Levis од 1880 година, редок примерок на стрип со Супермен и автомобилот на Папата.

Споменатиот сендвич, една од првите сензации на интернет е продаден за 28.000 долари, фармерките за 46.532 долари, голфот на Папата Benedikt XVI го купи американска коцкарница за 212.000 долари, а стрипот со Супермен е продаден за запрепастувачки 3,2 милиони долари.

Највисока цена на e-bay постигнал бродот кој е купен од Роман Абрамович и е продаден за 168 милиони долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top