Започнаа истраги во аферата на столетието “Panama Papers”

На пописот се 140 угледни политичари, ФИФА, а меѓу фудбалските ѕвезди е Меси

 |  инфодеск  | 

Започна планетарната истрага откако се појавија во јавност милиони документи кои откриваат дека светски богаташи, државници, ФИФА, 140 истакнати политичари и фудбалски ѕвезди криеле пари во даночна адвокатска фирма која објавата на документите “Panama Papers” ја нарекува злосторство и напад на Панама.

Истрагата во која учествува новинарски конзорциум од 100 дневни весници се однесува на периодот од 40 години, од 1977 па сѐ до декември 2015 година и покажува дека некои компании се регистрирани во даночните оази кои биле користени  за перење на сомнителни пари, трговија со оружје и дрога но и за затајување на данок.

Документите откриваат голем број на познати имиња за пошироката јавност. Документите ги проверуваат повеќе од 80 новинари ширум светот, а во нив е откриена мрежа на тајни договори и кредити кои водат до еден извор – рускиот претседател Владимир Путин.

Агенцијата AFP пренесува дека со помош на даночната оаза се користеле бројни светски лидери, а меѓу нив се лица блиски до рускиот претседател Путин кои спрема документите испрале две милијарди долари.

На пописот се и членови на етичкиот одбор на ФИФА кој е поставен за да воведе ред во скандалите внатре во ФИФА. Наводно и Michel Platini користел услуги од фирмата од Панама, а документите откриваат и дваесетина имиња на фудбалски ѕвезди, меѓу кои се имиња на играчи од Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а најзвучното име е на Аргентинецот Лионел Меси.

Помеѓу откриените имиња на 143 политичари се наоѓаат имињата на 12 највисоки функционери, претседатели на држави, нивните семејства и пријатели.

Меѓу политичките лидери се наоѓаат пакистанскиот премиер Nawaza Sharifa, поранешниот премиер на Ирак Ayad Allawi, претседателот на Украина Petro Porosenko, синот на поранешниот претседател на Египет Alaa Mubarak, премиерот на Исланд Sigmundur Davio Gunnlaugsson, екс лидерот на Либија Gaddafi и сирискиот претседател Bashar al-Assad и многу други.

Даночните власти на Австралија и Нов Зеланд веќе започнаа истраги за тоа кој работел со компании во Панама и објавија дека истражуваат повеќе од 800 богати клиенти на адвокатската фирма Mossack Fonseca.

Владата на Панама утврдила дека одлучно ќе учествува со правосудството ако се отвори истрага.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top