Украинската војска е во состојба на полна борбена готовност поради закана од руска инвазија, соопштил привремениот претседател Александар Турчинов.
Како што наведува Rusia Today, тој признал дека властите во Киев не се во состојба самостојно да ја контролираат ситуацијата на истокот од земјата и повикал на формирање на локални одреди.
“Се враќам на реалната закана дека Русија ќе започне копнена војна против Украина. Нашите вооружени сили се во состојба на воена готовност. Потребно е брзо формирање на локална полиција која ќе е лојална на Киев”, рекол Турчинов.
Обраќајќи се на челниците на украинските региони, тој нагласил дека е неопходно да се овозможи брзо и несметано минување на такви трупи до различни региони за да се заштити земјата од сите закани.
“Не можеме да се избориме со ситуацијата, во некои делови луѓето и силите на редот соработуваат со терористичките организации”, нагласил Турчинов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град