Закана од бомба на лет од Лондон за Стокхолм

“Заканата од бомба контролорите на летање ја примиле додека авионот бил во воздух”

 |  инфодеск  | 

Закана поради бомба го принуди екипажот на авионот на компанијата Scandinavian Airlines (SAS) на летот од Лондон кон Стокхолм на принудно слетување во Гетеборг каде 72 лица од авионот се евакуирани, објави шведската полиција.

“72 лица од авионот, вклучувајќи го и екипажот, се евакуирани. Евакуацијата е завршена”, изјавил портпаролот на полицијата Stefan Gustafsson.

Авионот е упатен вон аеродромската зона на аеродромот Landvetter во Гетеборг и повикана е група на експерти да го прегледа авионот.

“Заканата од бомба контролорите на летање ја примиле додека авионот бил во воздух”, рекол Gustafsson одбивајќи да дава други детали.

Авионот слетал во Гетеборг околу 10 часот.

Целокупниот авио-сообраќај на аеродромот бил прекинат, но полетувањата потоа продолжиле, рекла портпаролката на аеродромот. Пристигнувањата засега се одложени додека полицијата врши увид.

Landvetter е втор аеродром по промет во Шведска со шест милиони регистрирани патници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top