Поради тоа што кабинскиот персонал останува во авионите, министерството за надворешни работи на Русија издало соопштение во кое стои дека украинските цариници им забрануваат на екипажите на Аерофлот да ги напуштаат авионите, пренесува агенцијата АР.
Министерството истакнува дека таа одлука на властите во Киев претставува кршење на меѓународните закони и „закана за безбедноста на цивилната авијација“, затоа што на екипажите им е оневозможено да се одморат помеѓу летовите.
Министерството за надворешни работи наведува дека Москва два пати пратила протестна нота до амбасадата на Украина за овој случај.
Тензиите помеѓу Москва и Киев се интезивираа кога проруските сили почнаа да ја превземаат контролата над Крим, а останаа високи и по одржувањето на референдумот на 16 март, на кој граѓаните на Крим одлучија да се приклучат на Русија, потсетува агенцијата АР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град