Кој и што губи од санкциите спрема Русија

Многу причини зошто е лошо да има санкции

 |  инфодеск  | 

Велика Британија

Санкциите спрема Русија би го довеле во криза славниот City, кој произведува 40% од британскиот БДП. Во црно ќе се завијат и недвижнините во Лондон и околината, а восокото образование би добило тежок удар иамјќи го во предвид бројот на руски ученици кои плаќаат високи сметки за школарина.

Франција

Ќе изгуби договор вреден неколку милијарди евра за производство на воени бродови и вооружување. Исто така на колена би се нашла и автомобилската индустрија бидејќи во Русија се прават преку милион автомобили годишно а нафтениот гигант Тотал има вложено 30 милијарди евра во Русија.

Холандија

Има врзани раце поради Ројал Дач Шел кој има инвестирано неколку десетици милијарди евра во наоѓалишта за нафта и гас во Русија.

Австрија

Освен во областа на енергетиката, има баснословни профити од руските туристи кои ги пополнуваат најскапите капацитети во австриските Алпи.

Шпанија

Шпанската туристичка индустрија би доживеала тежок удар од воведувањето на санкции кон Русија бидејќи голем дел од колачот, од 20 милиони руски туристи кои ја посетуваат ЕУ, го има Шпанија.

Германија

Најголем партнер на Русија од ЕУ е Германија. Економската размена е околу 80 милијарди евра. Исто како и Италија, и Германија една третина од потребите за енергетика ги задоволува од Русија. Од друга страна за германската автомобилска и хемиска индустрија како и за малите и средни претпријатија рускиот пазар е од фундаментално значење за опстанок. Преку 6000 германски претпријатија се поврзани со Русија. Претседателот на Бундес банката (Германската федерална банка) Јенс Вајдман отворено рекол дека за германското стопанство и за цела Германија е поважно да се сочуваат добрите односи со Русија од релациите со Украина.

САД

Проблеми со сериозни санкции спрема Русија би се соочил и самиот Барак Обама. Тексашкиот енергетски џин Ексон мобил вложил 14 милијарди долари, додека производителот на авиони Боинг направил бизнис план во Русија вреден 27 милијарди евра а големи интереси во Русија има и Пепси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top