Со оглед на сѐ поголемиот број на корисници на паметни телефони, како и фактот дека во нив се сите важни приватни информации, мобилните уреди последните години стануваат сѐ поинтересна мета на хакерите. Иако нападите и понатаму се почести на компјутерите, ситуацијата полека се менува, а најзагрозени се корисниците на оперативниот систем на Google, Android. Последните информации поврзани за опасен безбедносен пропуст кој хакерите би можеле да го искористат е поврзан со телефоните на Samsung. Од безбедносната компанија NowSecure откриле пропуст поврзан со SwiftKey тастатурата која е прединсталација на мобилните уреди на оваа компанија, а станува збор за бројка од 600 милиони мобилни телефони. Ryan Welton од OneSecure открил дека наместо класична надоградба на оваа тастатура, може да се инсталира малициозен софтвер.
Вештите хакери така можат да го искористат овој пропуст за пристапување до сите контакти, пораки, информации поврзани за банкарските картички и сите останати приватни и чувствителни податоци – секако без знаење на сопственикот на телефонот.
Од Samsung за овој пропуст дознале уште во ноември минатата година па во март оваа година издале “patch” за верзиите на Android 4,2 и поновите, но во NowSecure веруваат дека мобилните телефони сеуште не се безбедни. Така, експертот Welton го тестирал Galaxy S6 и на него успеал да изврши напад. “Можеме да потврдиме дека во тестовите кои ги спроведовме изминатите денови пронајдовме дека грешката не е решена на моделот Galaxy S6”, ја пренесуваат неговата изјава на Forbes. Тој додал дека овој пропуст веројатно влијае на повеќето телефони на Samsung кои работат на Android, вклучувајќи ги и најпопуларните модели Galaxy S3, S4, S5 и моделите Note 3 и 4.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град