Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи.
Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи).
Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca.
Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање.
“Кога заминаа, небото беше чисто, а ризикот од лавина беше на ниво од 3 степени од можни 5”, објавиле властите.
Најмалку 11 луѓе страдале во лавини во Франција од почетокот на зимата, по официјални податоци. Лавините во Франција усмртуваат околу 30 луѓе секоја година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град