Забранети енергетските пијалоци

Забраната претставува преседан но…

 |  инфодеск  | 

Во четвртокот донесена е одлука за забрана за продажба на енергетски пијалоци за помлади од 18 години, со што Литванија направи преседан внатре во Европската унија, а одлуката ја образложила како здравствена причина.

Мерката на сила ќе стапи во ноември, а за неа гласале 88 од 96 присутни пратеници на Литванскиот парламент, додека 8 се воздржале од гласање.

Литванското министерство за здравство објавило дека забраната претставува преседан во ЕУ и се надева дека нивниот пример ќе го следат и останатите членки на унијата.

Претставникот од министерството за здравство, Алмантас Кранаускас, појаснил дека конзумирањето на енергетски пијалоци може да доведе до зависност и хиперактивност, поради големата концентрација на кофеин во нив. Додал дека некои научници сметаат дека, нивното конзумирање, младите можат да ги поттикнат на земање наркотици.

Тие пак што ја критикуваат оваа одлука сметаат дека забраната би можела да доведе до негативен тренд во производството на газирани пијалоци во земјата со околу три милиони жители која е членка на ЕУ од 2004 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top