Забранет влез во Дубаи на рекордер на Гинис

Мислеле дека е црна магија

 |  инфодеск  | 

Официјалните лица на аеродромот во Дубаи не објасниле зошто му забраниле влез на 53 годишниот Германец, Rolf Buchholz, каде требало да учествува на една хотелска презентација, пишува AFP повикувајќи се на извештаите на медиумите. Имено, Buchholz е носител на гинисов рекорд како човек со најмногу пирсинзи на себе во светот кој има 453 пирсинзи и два рога на челото.

Тој е испратен со првиот авион назад во Истанбул. Портпаролот на хотелот каде требало да се појави Buchholz рекол дека менаџментот на хотелот и покрај сите обиди не успеал да добие дозвола за неговиот влез во Емиратот, иако Дубаи се смета за најотворен од сите заливски монархии.

Со ветувањето дека никогаш повеќе нема да се врати во Дубаи, иако багажот му останал таму, Buchholz на Твитер објавил дека на крајот добил одговор зошто не му било дозволено да влезе во Дубаи. “Работниците во емиграционото одделение мислеле дека сум црна магија”, навел тој.

Buchholz, кој работи на информатички технологии, влегол во Гинисовата книга на рекорди во 2012 година како човек со најмногу пирсинзи на себе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top